СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ ЗА ВАС

Популарни производи


Дејност


Продажба, проектирање, изведба и комплетно реновирање на станови, работни простории. Голем избор на галантерија и опрема за купатила од најпознатите произведители во Европа, како и богат избор на бои и лакови, железарија, браварија, електро материјали, машини и алати. Тимот на АКВА ПЛАНЕТ, во секое време ви стои на располагање и со своето искуство и знаење ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор што целосно ќе ги задоволи Вашите потреби.




Проектирање, реновирање, изведба и сервис


АКВА ПЛАНЕТ извршува комплетно реновирање станови, работни простории и слично. Проектирањето вклучува и 3Д анимација (цртеж), со што добивате целосна слика на Вашиот простор уште пред неговата изведба. Со цел да излеземе во пресрет на Вашите желби и потреби што е можно попрофесионално, вработивме стручни лица - дипл. инженер архитект, кои поседуваат лиценца ("Б") за проектирање и изведба.

Слободно може да се каже дека сервисирањето, монтажата и одржувањето на водоводните инсталации е предходник и основа на создавањето на АКВА ПЛАНЕТ. Овој занает како семејна традиција е носечка сила на нашата компанија. Искуството што го стекнавме низ работењето во оваа област, ни го покажа патот целосно да ги согледаме потребите на нашите ценети купувачи за комплетна услуга, односно да создадеме место каде што вие целосно можете, не само да го најдете она што го барате, туку нашиот тим е тука да ги резализира во реалност вашите желби и потреби.




Производи


...
Мебел за купатила
...
Кади и туш кади
...
Туш кабини
...
Батерии и Санитарии
...
Керамички плочки
...
Галантерија
...
Бои и лакови
...
Електрика и Фолии
Мебел за купатила
Кади и туш кади
Туш кабини
Санитарии
Батерии
Керамички плочки
Галантерија
Бои и лакови
Електрика
Фолии
Машини и алати
Додатоци



Стовариште


Покрај големата палета на производи во рамките на нашата заложба да им обезбедиме на нашите купувачи место каде што ќе можат да најдат што е можно повеќе материјали и опрема кои им се потребни при извршување на секакви градежни работи, по одлични цени и што е поважно, во нивна непосредна близина, ја проширивме лепезата на производи и услуги што ги нудиме со отварањето на стовариште на материјали кое се наоѓа во продолжение на нашиот продажен салон.




Брендови





За нас


Компанијата е основана во 2001 година како семејна фирма, за набргу да прерасне во компанија со повеќе од 20 вработени, сместени во простор од преку 1000 м2, каде што можeте да најдете прeку 2000+ различни артикли наменети за одржување, опремување и уредување на вашиот домашен и работен простор.

Види повеќе ->



Контакт


Работно време:


Пон. - Петок: 07:30 - 20:00
Сабота: 07:30 - 18:00
Недела: 08:00 - 12:00